ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата

0
387

Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. СЈО води политички процес, чија цел е политичка а не правна, и притоа без да има било какви докази се води хајка против цела една партија. 100-тина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење на докази се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.

СЈО се претвори во канцеларија на СДС.

СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани.

Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса.

Но народот гледа и добро цени, а миговите се циклични. Брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за ова свое однесување.

Коментирај