ВМРО-ДПМНЕ Тетово: Зошто не прогласувате епидемија на морбили во нашиот град?

0
290

Здравствениот систем во Република Македонија е во целосен хаос, тоне. Тоа се одразува на здравјето на граѓаните. Веќе неколку месеци има епидемија на морбили во Скопје, а се зголеува  бројката на заразени и во другите градови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

-Министерот за здравство Венко Филипче не презема ништо. Се гледа дека Филипче си поигрува со здравјето на граѓаните. Надлежните велат дека се уште има релативно голем број на невакцинирани деца и тоа особено надвор од Скопје. Бројката на лица со морбили се зголемува, а епидемијата освен во Скопје, се прошири и во Тетово. Почитуван министер, така велат надлежните. Ги слушате ли министре што тие воопшто говорат? Дали сте заинтересирани за здравјето на граѓаните посебно во ваква ситуација, каде освен што расте бројката на заразени од морбили, расте и бројката на заразени со грип, прашуваат од таму.

Од партијата бараат Филипче да одговор зошто не прогласува епидемија и во Тетово?

-Зошто и тука да не се применуваат мерките што се употребуваат во случај на епидемија? Несоодветното однесување на Филипче во ваква ситуација, хаоот што го создаде со вакцинирањето укажува дека тој мора да си поднесе оставка, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Коментирај