ВМРО-ДПМНЕ: Таки Фити треба да го надмине стравот од Заев и да покаже минимум кредибилитет

0
671

Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, го усогласиле договорот за добрососедство, кој ќе се потпише за три недели, а граѓаните се уште не знаат што прифатил Заев.

Заев ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое прашање, за сега да гледаме дека нема ни Д од дебати, водејќи процеси од исклучителна важност за државата со нула транспарентност кон граѓаните.

Скандалозно е МАНУ како највисока стручна и научна институција во државата да нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија, кој Заев го преговараше во Софија. Неприфатливо е МАНУ да молчи во однос на нетранспарентноста на Владата.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, иако се сретна со Заев не побарал од него увид во договорот кој е од особено значење за државата.

Директорот на бугарскиот национален историски музеј Божидар Димитров, рече дека МАНУ не смее да има став по однос на две точки од договорот, затоа што знаат дека Заев ќе ги избрка од работа.

Таки Фити треба да го надмине стравот од Заев и да покаже минимум кредибилитет, бидејќи ја води институцијата со најголем научен потенцијал во Македонија.

Додека Заев ја држи македонската граѓанска и научна јавност во мрак не кажувајќи што договорил во Бугарија, одбивајќи да ги информира и пратениците во Собранието за содржината на договорот, бугарската влада уште на 5 јули договорот го доставила во тамошното Собрание, со цел пратениците да можат да дадат оценка по однос на истиот.

Нетранспаретноста на Заев во целиот процес на преговори и неговото молчење во однос на навредите кон Македонија упатени од страна на Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Институт, дека исполнувањето на договорот ќе значи крај за македонизмот и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект отвора сомнеж дека Заев ги распродава македонските национални и државни интереси.

ВМРО ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за добрососедски односи кои ќе се темелат на взаемно признавање и почитување.

Коментирај