ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски залудно бега и се крие зад бледите партиски соопштенија

0
503

Соопштение до јавноста – реакција на реакцијата на СДС во врска со соопштението на МВР

Одговорност за пукањето на струмичката полиција мора да има и ќе има.

Оливер Спасовски залудно бега и се крие зад бледите партиски соопштенија.

Струмичката полиција пукаше во две млади момчиња кои не беа вооружени.

Јавноста чека одговор од Оливер Спасовски и неговиот началник на струмичката полиција кој без никакво работно искуство беше поставен таму.

Време е Оливер Спасовски и Танчо Пројковски да си поднесат оставки, бидејќи одговорност треба да има и ќе има.

Сето што се случува во државата е резултат на хаосот и бруталноста која ја спроведува раководството на СДС.

Во рок од 2 месеци поделија 500 решенија, деградираа професионалци, и незаконски унапредуваат партиски војници.

На незаконското работење на Спасовски мора да му се стави крај пред да се предизвикаат посериозни последици.

Коментирај