ВМРО-ДПМНЕ: Слободата на говор под власт на СДСМ е загрозена, новинарите исплашени, а медиумите под притисок

0
107

За каква слобода на говор зборува СДСМ, кога сопственик на медиум добива пресуда со казна затвор за напишан текст. Не e слобода на говор кога сме соочени со цензура на емисии. Ниту пак заканите кон новинари и нивните семејства се одлика на слободата на говор. Не е слобода на говор кога претставници на власта окупираат протести на новинари кои сакаат да го изразат својот револт со мирен протест, туку страв од слободното новинарство, кое за оваа власт очигледно е голем противник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта која толерира закани кон новинари, цензура и која не прави ништо за да овозможи и де факто медиумска слобода не е демократска. Слободата на говор под власт на СДСМ е загрозена, новинарите исплашени, а медиумите под притисок, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ ги излажа граѓаните. СДСМ од опозиција ветуваше слободни медиуми и слобода на говор, сега се што прави е изразито против тоа. СДСМ во изминатава година покажа дека е најголемиот противник на слободното новинарство и слободата на говор“.

loading...

Коментирај