ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов станал побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години

0
2649

Милионерот Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ донирал 60.000 денари или тројно помалку од парите кои на партијата великодушно и ги дале невработениот студент Ивана Туфекџиќ и соросовиот платеник Павле Богоевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов, за разлика од Туфекџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе, па така за две години според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години.

Јавноста има право да знае дали Шилегов по добро разработен план сам на себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа Шилегов? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

Според сите индиции, Шилегов е новата Радмила Шекеринска која е позната по тоа што си изнајмува сама на себе станови за 5.000 евра. Тоа е начинот на работа на СДСМ. Тоа е и политиката на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Врескај и демолирај глумејќи борба за демократија, а зад камерите полни ги џебовите и сметките. Лидерот Заев отиде и чекор понапред, па цела јавност и на снимка можеше да види како бара по едно евро од квадрат за Вицето.

Затоа СДСМ ги загуби изборите. Граѓаните на Република Македонија не сакаат да бидат водени од криминалци.

Коментирај