ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најгласен манипулатор и борец против режимот кој за две години го зголемил имотот за 200.000 евра

0
310

ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов, како што стои во реакцијата, е еден од најгласните манипулатори и борци против режимот, кој за две години успеал да го зголеми личниот имот за над 200 илјади евра.

– Дали сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа? Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај