ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Маската на Зоран Заев падна, a народот го прочита

0
577

Маската на Зоран Заев падна, a народот го прочита. Граѓаните видоа дека одродената и криминогена власт на СДСМ спроведува политики чија цел е општ грабеж кој потоа се покрива со распродажба на националните и државни интереси само за да се спаси кариерата на единствениот политичар аболициран за криминал Зоран Заев, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Токму аболицираниот политичар Зоран Заев со евтини лаги и манипулации сака да ги покрие милионските тендери, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на своите пајташи. Граѓаните се свесни дека во НАТО и ЕУ не се влегува со бизнис шемите на Заеви. Вратите на ЕУ и НАТО за Македонија ќе бидат затворени се додека Заев е на власт, се наведува во соопштението.

Коментирај