ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја гуши медиумската слобода- затворски казни за искажан став, цензурирање емисии, заплашување новинари

0
139

Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја гуши медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата. СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа. СДСМ и Заев секој ден се повеќе го покажуваат својот недемократски карактер. Теророт и партиската контрола на СДСМ врз новинарството е само продолжение на теророт кој се спроведува против слободата на говор и политичките неистомисленици на оваа власт. Патриотите кои први се спротивставија на катастрофалните и антидржавни политики на СДСМ станаа жртва на политички прогон и монтирани и неосновани обвиненија за тероризам, стои во соопштението на партијата и се додава:

„Правосудните органи наместо да работат во интерес на демократијата и владеење на правото, работат под диктат на СДСМ. Власта ги зароби судството и обвинителството и преку нив врши политички прогон на сите кои не се согласуваат и ги критикуваат политиките на Заев и СДСМ. Политичкиот прогон кој што се спроведува во Република Македонија мора да запре веднаш. Институциите што побрзо да се ослободат од стегите на власта на СДСМ и да застанат на страната на правото и демократијата, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија. Колку побрзо си замине СДСМ од власт толку побрзо ќе се вратат демократијата и слободата во Република Македонија“.

Наместо власт, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, која ја дефокусира јавноста со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе, граѓаните заслужуваат власт која ќе ги решава нивните проблеми и ќе работи за доброто на државата.

loading...

Коментирај