ВМРО-ДПМНЕ: СДС од потрошените 334 милиони евра можеше да изгради 40-тина современи болници

0
327

Соопштение до јавноста

Изградбата на детската болница во Козле чинеше околу 7 милиони евра. За изминативе три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии истроши 334 милиони евра. СДС можеше со овие пари што ги подигна да изгради околу 40-тина современи болници кои ќе бидат од корист за граѓаните.

Нови болници нема, а ги нема ниту парите.

Каде испарија парите на граѓаните?

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса. Како одговор единствено добиваат само лаги од владата на неспособниот Заев.

Наместо да ги трошат народните пари, за да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, СДС со народните пари ги опремува кабинетите на министрите со скапи цвеќиња, вдомува партиски послушници, однесувајќи се недомаќински на секој можен чекор. СДС буквално ја исцеди државната каса.

Владата на СДС поради негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври, на претстојните локални избори кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени.

Коментирај