ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за Гази Баба е еднаков на нула, канализационата мрежа во Јурумлери се гради

0
388

Колку е важна Гази Баба на СДС покажува што првата мерка на новата Влада беше кратење на средствата за градба на новиот старечки дом во Маџари, средствата на новото ОУ „Крсте Петков Мисирков“, и новата градинка во Стајковци. Придонесот на СДС во Гази Баба е еднаков на нула, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Борче Георгиевски.

-Дополнително Борче Георгиевски лаже како Зоран Заев. Борче без тронка срам излегува на прес конференција и  говори за чистење на канали, кој самиот како советник во општината на Гази Баба гласаше против нивното чистење. Каналите во општина Гази Баба се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДС кои на седниците на советите на општината ги гледаат извештаите за исчистените канали. Што се однесува до градбата на фекална канализација таа е во тек. Фекалната канализација од потегот на Вардар па се до Јурумлери е изградена, се вели во реакцијата.

Оттаму велат дека додека пак изградбата на пречистителната станица ќе започне од следната недела кога и ќе се распише тендер за изградба на секундарната мрежа во Јурумлери, при што дел од граѓаните ќе бидат приклучени на системот до крајот на годината. Самиот проект, информираат од ВМРО-ДПМНЕ е инвестиција од 100 милиони денари.

-Што се однесува до градбата на клучката, општината на барање на граѓаните пристапи кон пешачка зона и проширување на коловозот по што треба да се пристапи кон градба на самата клучка, што е проект кој треба да го реализира Агенцијата за патишта која е под контрола на владата на СДС. Со овие лаги Георгиевски нема да га успее да ги изманипулира граѓаните на општина Гази баба, тој е веќе прочитан како и неговата партија СДС. Георгиевски е лик со сомнителен морален кредибилитет против кого има кривични пријави за фалсификување на патни исправи. Овој лик не може да биде иднината на Гази Баба исто како и СДС која нема реализирано ниту еден проект во општина Гази Баба сега како и во периодите кога ја водеа владата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе ги казнат на СДСМ и криминалните ликови како Георгиевски.

Извор: Курир.мк

Коментирај