ВМРО- ДПМНЕ: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги почитувал и ќе продолжи да ги почитува законите и институциите на Република Македонија

0
770

Соопштение до јавноста – демант на изјавата на Катица Јанева за Макфакс

Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител за да работи непристрасно и професионално, исклучително по закон.

Нејзиното тврдење за Макфакс е неточно и повеќе политичко со намера да се наштети на угледот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски. Изјавата на Катица Јанева не е поткрепена со ниту еден аргумент.

Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски “се обидувал на сите можни начини да одбие да ги подигне поканите за распит”. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги почитувал и ќе продолжи да ги почитува законите и институциите на Република Македонија. Тој никогаш не одбил да прими покана.

Коментирај