ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја информира јавноста во врска со исклучените делегати од конгресот на партијата

0
1078

Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста: Едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата. За сите овие  разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка. Доколку ова не се преземеше дел од овие лица ќе останеа без работа или ќе беа разрешени од функциите.

Коментирај