ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд против одлуката на ДИК за прифаќање на скандалозниот проговор на Беса

0
277

ВМРО-ДПМНЕ како предводник на коалицијата За подобра Македонија синоќа до Управниот суд на Република Македонија поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија УП1 10 – 487 од 18.12.2016 година со кое се уважи скандалозниот приговор на подносителот, политичка партија Движење БЕСА и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар изборна единица 6, информираат од партијата.

„Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Во рамки на тужбата, пишува во соопштението на партијата, правната служба на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија приложи бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. Секое поинакво постапување би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со пост изборен инженеринг.

Коментирај