ВМРО-ДПМНЕ очекува Законот за двојазичност да биде повлечен или да се разгледаат амандманите

0
375

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи огромен ризик да предизвика далекусежни последици.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, смета дека разгледувањето на над 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците не е вистинското решение. Без да наведе точен датум тој нагласи дека за една, како што ја нарекува, политичка одлука на ВМРО-ДПМНЕ, треба политички договор меѓу опозицијата и мнозинството.

Во однос на враќањето на опозицијата во Собранието, Џафери рече дека позициите се приближени и оти се воспоставени линии за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на работните групи не се разговарало околу Законот за двојазичност, ниту има некаква промена на ставовите.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи огромен ризик да предизвика далекусежни последици. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дека не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура.

-ВМРО-ДПМНЕ повика законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти, но кога конструктивните барања не наидоа на соодветен прием, пратеничката група предложи амандмани за да се корегира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за Собрание и да ги разгледа предложените амандмани, велат од партијата.

Коментирај