ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во денешната политичка фарса – Политичкиот прогон мора да запре!

0
607

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во денешната политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно. Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија, информираат од пратеничката група.

-Главна и единствена работа која СДСМ ја спроведува е политички реваншизам, прогон и хајка. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и совест треба да се спротиставува на штетни политики. СДСМ е трганта и не запира во намерата да уништува животи, да гази луѓе, да монтира случаи и да прави политички прогон само и само за себе да си обезбеди апсолутно неограничено и неконтролирано владеење. ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ, велат во нивното соопштение.

Од партијата порачуваат дека овој политички прогон мора да запре.

Коментирај