ВМРО ДПМНЕ : Катица Јанева е срам за правната фела и правосудниот систем во Република Македонија

0
550

За повеќе од една година, Катица Јанева потроши околу 4 милиони евра, а не направи ниту еден чекор со кој ќе ја увери јавноста во својата професионалност, објективност и непристрасност.

Напротив, СЈО се претвори во филијала на СДСМ. Покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболицираниот Заев или да се реализираат партиско-политичките нарачани и фабрикувани случаи.

Катица Јанева во СЈО си го вработи сопствениот внук, но и голем број роднини на другите колеги од обвинителството. Јанева ги вработи послушниците на Заев, а им плаќаше огромни суми на пари на самопрогласените експерти и вештаци кои зборуваат како што аболицираниот Заев мисли, односно како што тој ќе им дозволи да кажат.

Катица Јанева се откажа од случајот „Пуч“ и со тоа целосно се стави на страна на криминалот. Катица Јанева покажа дека се гордее кога е препознаена како приврзок на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Сега Јанева, по примерот на својот ментор, фрустрациите од некомпетентоста и немањето докази во фабрикуваните случаи ги лекува со политички напади врз судот и судиите.

Катица Јанева е срам за правната фела и правосудниот систем во Република Македонија.

Извор:ВМРО-ДПМНЕ

Коментирај