ВМРО-ДПМНЕ: Изведбата на химната беше начин да им се удоволи на политиките на Заев

0
235

ВМРО-ДПМНЕ изразува целосно несогласување со нецелосното интонирање на химната и изоставување на македонските херои кои таа ги содржи.

Се чини дека изведбата на химната од страна на Тамара беше начин да се удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани во изминатиот период на сметка на државните и национални интереси, а овој пат на сметка на македонско-американското пријателство кое е од стратешко значење за долгорочниот развој на нашата држава. Ова е неприфатливо, и е пример што може да се произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, националните чувства и идентитетските обележја. Добро е што Тамара се извини, но тоа што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од Владата и премиерот кои на подолг период и на срамен начин ги доведуваат во прашање сите идентитетски обележја. Со оваа влада станавме општество во кое на дневна основа се доведуваат во прашање најсветите чувства на македонскито народ – реагира најголемата опозициска партија.

Наплив од коментари по извинувањето на Тамара: Баш на тој дел те здрма еуфорија, м? Не ти е првпат, и на стадион така ја испеа

Намерно или случајно: Тамара Тодевска ги исфрли Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански од македонската химна (ВИДЕО)

Коментирај