ВМРО- ДПМНЕ: Хунтата на власт ја зароби правната држава и правосудните органи ги користи како средство за политички прогон на неистомислениците

0
321

Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници.  Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата.

Хунтата на власт ја зароби правната држава и правосудните органи ги користи како средство за политички прогон на неистомислениците. Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата само затоа што не се согласуваат со политиките на Заев и СДС.

Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев. Власта го погази Уставот и преку судството и институциите секојдневно влева страв кај граѓаните и го става на удар секој еден кој си ја сака државата.

Ова неззаконие ќе биде запрено и казнето, а сите учесници во уништувањето на правната држава и  уставниот поредок ќе одговараат пред законите.  Република Македонија е демократска држава и затоа ВМРО-ДПМНЕ застанува против неправдата и незаконието.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата.  Демократијата и правната држава ќе бидат вратени, а граѓаните ќе живеат во држава ослободена од насилието и прогонот кои ги врши хунтата на власт.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Коментирај