ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија ја чувствуваат катастрофалната економија на СДС

0
519

Соопштение до јавноста

126 милиони евра од девизните резерви исчезнаа! 126 милиони евра од девизните резерви ги нема!

СДС нема одговор каде заминаа овие пари. Сега ги гледаш – сега не ги гледаш. Волшебниците од СДС успеаја да направат да ги снема. Никој не знае каде се. Се знае само дека ги имаше во девизните резерви кога ВМРО-ДПМНЕ им ја остави државната каса на волшебниците од СДС.

Граѓаните на Република Македонија започнаа да ја чувствуваат катастрофалната економија на СДС на својот грб.

Неспособната влада на СДС пред неколку дена државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра преку издавање на државни државни хартии од вредност. Министерот за задолжување Тевдовски успеа за неполни три месеци да ги задолжи граѓаните за 145 милиони евра. Заедно со стопените девизни резерви тоа е страшна сума од 271 милион евра.

Освен долгови граѓаните на Република Македонија не видоа ни „Р“ од реформи. СДС не може веќе да глуми опозиција. Наместо целото време да го трошат на барање апсурдни изговори зошто нешто да не се рализира, СДС треба да исполни се што ветуваше.

Нивната неспособност и големата потреба за расипништво, волшебниците од СДС не може да ја сокријат и да направат да исчезне како што исчезнуваат парите на граѓаните.

За ваквото несовесно работење следи одговорност, која многу скоро граѓаните ќе му ја испорачаат на претстојните локални избори.

Коментирај