ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните го видоа вистинското лице на СДС и нема да дозволат да бидат излажани!

0
762

Граѓаните од владата на СДС единствено што видоа досега во овие неполни 3  месеци се укинувања, блокади и кратења на мерки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше таа која беше критикувана од страна на СДС за нејзината помош кон земјоделците и прва која започна со проектот „Млад земјоделец“ што беше одлична можност за младите да започнат со производство и сопствен земјоделски бизнис.

СДС продолжува да ги манипулира граѓаните со празни и бледи соопштенија.

Граѓаните веќе го видоа вистинското лице на СДС и нема да дозволат да бидат излажани. Тие веќе ја видоа безобразната и лицемерна политика на СДС и за нивните погрешни политики ќе ги казнат на 15-ти октомври.

Коментирај