ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во Битола

1
291

ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди инцидентот во кој биле искршени стаклата на објектот на Музејот на Албанската азбука во Битола.

Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, овој настан е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека негувањето на историјата и културата на секој народ е суштествено право и особено значаен елемент на едно мултикултурно општество какво што е македонското, се наведува во соопштението.

Партијата ги повикува надлежните органи побрзо да го расветлат случајот и виновниците да бидат санкционирани.

– Овој инцидент е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата. Апелираме медиумите да не го користат овој настан и да потпаѓаат под манипулациите, кои некој се обидува да ги предизвика во јавноста, бидејќи токму тоа е целта на оваа структура која и во минатото се обидувала на одредени инциденти да им придаде политичка конотација, се наведува во соопштението.


Молотови коктели фрлени врз Музејот на албанската азбука во Битола (прочитајте ТУКА)