ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од своите редови пратениците кои гласаа ЗА уставни измени

0
2190

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од своите редови пратениците кои вечерва гласаа за уставните измени во Собрание.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција посочи дека на негов предлог, седумте пратеници од оваа партија, кои гласаа за уставни измени, се исклучени од партијата.

Тој ги наброја исклучените: Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ и рече дека сега тие ќе мора да живеат со овој срам.


Збогум Македонија, добредојде „Северна“

Коментирај