ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што сака СДС да спроведува во Собранието е самоволие

0
689

СДСМ нема што повеќе да зборува за конструктивност на опозицијата бидејќи со нивниот игнорантски однос, неконструктивност и самобендисаност единствено што сакаат да спроведуваат во Собранието е самоволие, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со реакцијата на СДС.

-ВМРО-ДПМНЕ за сето ова време додека е опозиција покажа максимална вклученост и иницијативност и даде до знаење дека сака да работи за подобро на граѓаните, а не да води политика на тесно партиски интереси во Собранието. Смешно е кога СДСМ се обидува да ја објасни итноста и брзањето за поднесените закони кога имаа доволно време истите да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе беа донесени. Наместо приоритетите на граѓаните, на СДСМ поважно им беше вдомувањето на партиските војници во институциите, поставувањето на некомпетентни личности на функции, смената на Јавниот обвинител за спасување на кожата на Зоран Заев и блокирање и спречување на сите проекти  кои беа за граѓаните на Република Македонија, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека сега им се брза со трите поднесени закони во Собранието бидејќи се ближат локалните избори, а немаат изработено ништо и повторно се користат со манипулациите и тактиките кои се препознатливи за СДСМ додека ВМРО -ДПМНЕ поднесе низа на закони кои што доколку СДСМ имаше слух и дадеше поддршка за потребите на граѓаните досега ќе беа изгласани и донесени.

-Граѓаните видоа дека ниту државата, ниту тие се битни на оваа гарнитура на власт, туку битни има се само фотељите, функциите, битни им се мигрантите, битно им е распродавањето на националните и државните интереси, а не потребите и очекувањата на македонските граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа на законски решенија кои што произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, но секако СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ кажува дека мисли и работи за  граѓаните, а во Собранието не сака да се зборува за законот за покачување на платите на докторите, не сака да зборува за законот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%, не сака да зборува за законот за намалување на трошоците за извршување, не сака да зборува за бенефициран стаж за рударите, на сака да зборува за продолжување на породилното отсуство, не сака да зборува за многу други теми кои што периодов ги отворија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ветивме дека и во опозиција ќе се бориме и ќе ги претставуваме граѓаните на Република Македонија.

Коментирај