ВМРО- ДПМНЕ: Единствената цел на Зоран Заев изминатиов период е разнебитување на државата

0
729

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која се грижи за своите граѓани. Ние довербата кон граѓаните ја црпеме од легитимно добиените избори и како таква резултира со многубројни мега-проекти кои ги ветивме и веќе се реализираат.

Напорите на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром.

Денес свечено ќе се отвори Македонската Филхармонија која се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1310 места и најсовремена технологија и опрема.

Деновиве отпочна и исплатата на земјоделските субвенции. Во период од 10 години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над 1 милијарда евра. Да потсетиме дека земјоделието изминативе 10 години стана една од најважните стопански гранки.

Во тек е изградбата на историски најобемните инфраструктурни зафати, автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, реконструкцијата на патот Велес – Штип, како и автопатот Скопје – Куманово, но и многу други проекти во вредност исто така од над 1 милијарда евра.

Додека ВМРО-ДПМНЕ реализираше проекти за добробитот на граѓаните, Зоран Заев единствено ги следеше стапките и наредбите на своите ментори. Единствената цел на Зоран Заев изминатиов период е разнебитување на државата и поткопување на уставниот поредок.

Зоран Заев е срам за македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ и понатака ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните национални, граѓански и локални интереси. Разликите помеѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС се дијаметрални и евидентни.

Затоа СДС и Зоран Заев на наредните избори ќе доживеат катастрофален пораз.

Коментирај