ВМРО-ДПМНЕ: Доста е економски црнила, време е оваа криминогена власт да замине, избори веднаш!

0
224

СДСМ продолжува бесрамно да ја лаже и манипулира македонската јавност. Откако целосно ја ограбија и уништија македонската економија сега криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Зоран Заев наводно се сети на обичниот граѓанин, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги зголемија даноците и давачките кон државата, ги зацрнија пазарџиите со катастрофални законски решенија, а нема капитални инвестиции, ниту повисоки пензии и плати за грѓаните. СДСМ ги осиромаши граѓаните со низа лоши законски решенија и погубни економски политики, а сега без срам лаже за некакво си враќање на парите кај граѓаните. Криминалната власт најпрво треба да ги врати милионите евра кои ги украде директно од џебот на граѓаните преку криминални тендери и грантови, измислени раководни позиции  и партиски вработувања за партиските послушници, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека македонската економија и натаму е последна во регионот, но и во Европа.

-Додека европските држави доживуваат вистинска економска ренесанса, благодарение на сопствената неспособност Заев се фали со минимален раст и стагнација на македонската економија. Нивото на корупција е единственото нешто кое се покачува овие две години. Рангирањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност покажува дека Заев ја претвори државата во дувло на корупцијата , најлоша во Европа. Доста е економски црнила, време е оваа криминогена власт да замине. Избори веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај