ВМРО-ДПМНЕ: Дојде крајно време Зоран да го праша Заев дали тој бил цел на руски – анти НАТО заговор

0
91

Дојде крајно време Зоран да го праша Заев дали тој бил цел на руски – анти НАТО заговор или заради неговата лекомисленост цела година бил „возен“ од двајца комичари? Денешната изјава на Зоран дека комичарите настапиле приватно и ја искористиле неговата неодговорност е признание дека Заев ја лажел целокупната јавност за некаков заговор на Руската федерација против Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Многу несериозно и од Зоран и од Заев. И Зоран и Заев се срам за Македонија. Доколку комичарите не ги објавеа разговорите и Зоран и Заев ќе мислеа дека се уште се во комуникација со поранешниот Претседател на Украина Петро Порошенко и ќе му испраќаа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали и афери во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Толку од капацитетот и на Зоран и на Заев и на нивните советници. Штетата од ваквата неодговорност за жал, на крај ја плаќа Република Македонија, бидејќи не постои сериозен меѓународен партнер кој со премиер како Зоран Заев би споделувал доверливи информации кои потоа би биле прераскажувани, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека извинувањата не се доволни.

-Зоран Заев мора да понесе одговорност и да си даде оставка. Колку побргу се формира техничката влада и колку побргу се одржат избори, толку помала ќе биде штетата по Република Македонија, се порачува во соопштението.

Коментирај