ВМРО-ДПМНЕ: Дали власта ги фингира бројките на заразени за да се креира лабава атмосфера на новото нормално на Заев

0
370

Власта вечерва ги коригираше бројките на новозаразени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени. Тоа се човечки животи, а не бројки, ова вечерва преку вонредно соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали власта ги фингира бројките и со јавноста споделува фингирани извештаи за бројот на заболени во државата, со задни намери и остварување на политички цели? Дали намерно се дозира бројот на заболени со цел да создадат привидна состојба на контрола над ситуацијата и да се затскрие фијаското кое Владата на СДСМ го доживува во борбата со заразата? Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени и ги дозира со цел да не се добие впечаток дека нема услови ни на 5-ти јули да се одржат избори и да се исполнат инструкциите на Зоран Заев за да се креира лабава атмосфера на новото нормално, потенцираат од партијата.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ стои и дека срамно е со една таква леснотија да се споделуваат вакви сензитивни информации со јавноста, заборавајќи дека станува збор за човечки животи, судбини, стравови и сериозни предизвици со кои се соочуваат македонските граѓани.

-СДСМ уште од првиот момент на ширење на епидемијата се занимава со политика наместо со заштита на здравјето на граѓаните. За власта политичката кариера на неколкумина е поважна од животите на македонските граѓани. Народот гледа, народот гласа, народот казнува, а најголемата казна следува на следните избори кои ќе стават крај на криминалната политичка кариера на Зоран Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај