Влегуваме во година на свињата: Кого чека голем прилив на пари, а кого голема љубов во 2019 година?

0
858

Следната година влегуваме во периодот на свиња, според кинеската традиција. Како симбол, свињата најчесто се поврзува со прогресија, среќа и добри можности и шанси за успех, кинеската Нова Година во овој знак, ќе започне на 5 февруари 2019 година и ќе трае до 24 јануари 2020 година.

Свињата е дванаесеттиот или последниот знак на кинескиот хороскоп, а за време на нејзиното владеење, ни дава можности за добри и паметни инвестиции, општо подобрување на финансиите и севкупен успех во професионалниот домен на нашите животи.

До крајот на оваа година завршува големиот циклус, па затоа е многу важно да се завршат сите стари обврски и да се направат нови планови за иднината, бидејќи според кинескиот хороскоп следната година ќе биде полна со среќа, љубов и оптимизам, додека успехот ќе се почувствува во сите сфери во животот.

Исто така, годината на свињата ќе биде совршено време да се стави точка на сите врски, било љубовни или пријателски што ве полнеле со негативна енергија и ја трошеле целата ваша сила. Треба да се ослободите од работите кои ве оптоваруваат, за да можете свежи и ревитализирани да ги реализирате сите ваши соништа во 2019 година.

Обидете се да бидете во друштво со луѓето кои ги сакате, кои се верни и посветени и се радуваат на вашите успеси. Обидете се да бидете што е можно повеќе активни за да ги искористите сите можности што ќе ги донесете за вас следната година, со избалансирана енергија и целокупната состојба на вашиот живот.

Како што е вообичаено во кинеските традиции, умереноста е од големо значење, па затоа не се препорачува претерување во консумација на храна. Секој ден, барем малку, мора да бидете физички активни и да се занимавате со некој спорт, бидејќи креативноста и тренинзите се многу важни за вашето психичко и физичко здравје.

Годината на свињата ќе биде особено погодна за оние кои се родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.

Коментирај