Власта ќе суди уметници, оперски пејач, режисер, пратеници за тероризам, додека вистинските терористи се на слобода

0
397

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на обвинетите за тероризам поради настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Во судските клупи повторно се враќаат Богдан Василевски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Илија Славковски, Јане Ченто, Митко Чавков, Елена Доцевска, Абдуљафет Алими, како и пратениците Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.

Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случај, случај каде целта е одмазда кон политичките неистомисленици на власта.

Во овој случај за тероризам се обвинети пратеници, уметници, еден од најдобрите оперски пејачи не само кај нас туку и во светски рамки, додека како што се коментира во јавноста вистинските терористи се пушти на слобода.

Таков е примерот со обвинетите од случајот „Монструм“, чие дело е вратено од почеток за одлучување, иако тие беа осудени на доживотни казни затвор претходно, а сега се бранат од слобода. Тие беа веќе осудени за петкратно убиство на велики четврток, пред Велигден.

Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

На 19 февруари годинава судењето кое еднаш заврши со доживотни казни за обвинетите се отвори одново пред нови судии.

Околу овие случаи во јули оваа година реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите ми кажуваат дека неколкумина се грижат за безбедноста на истата и јас не гледам доколку сум чист и сум слободен граѓанин и тоа што го работам е согласно законите и Уставот зошто е потребно некој да се грижи за мојата безбедност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски „Топ Тема“ на телевизија Телма на 5 јули оваа година.

Коментирај