Владо Јовановски: Не сакам да бидам член на народ кој се самоукинал – Сакам да го зачуваме она што нашите предци ни го оставиле како аманет (ВИДЕО)

0
1605

Чувствувам достоинство кај Македонскиот народ, чувствувам храброст и одважност. Чувствувам одговорност за сегашноста и за иднината. Чувствувам дека сите што се собрани овде имаат воловско срце јуначко, „cor bovinum“. – изјави легендарниот актер Владо Јовановски кој приуствуваше на сенародниот марш против уривање на државата

– Јас знам, сите ние, кои долги години живееме во сиромаштија дека без леб не се живее. Но, не се живее и без достоинство, колективно. Не сакам да бидам член на народ кој се самоукинал. Сакам со мојата маленкост колку можам да помогнам, да го зачуваме она што нашите предци ни го оставиле како аманет. Нашите предци кои се бореле во бројни востанија, реки крв се лиеле за оваа татковина. Не сакам да бидам преседан во светската историја и цивилизација дека припаѓам на народ кој сам себе се укинал на зелена маса. Тоа нема да го дозволиме на никого! Да живее Македонија! – изјави Јовановски.

Коментирај