Владимир Панчевски постави три услови: На идни избори гласам единствено за тие што ќе го спроведат ова!

0
1530

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски на својата Твитер сметка напиша неколку поврзани објави со услови кои треба да ги исполнат партиите за да ја добијат неговата доверба на изборите.

Неговите објави ги пренесуваме интегрално:

„Јас на идни избори ќе гласам единствено за тие што ќе ми го овозможат ова задоволство!

Прво што треба некоја нова власт да направи е да го регулира конечно влијанието на странскиот фактор во државава за режим на движење, престој и работа на странци, особено активација на Виенските конвенции за дипломати и нивно усогласување со домашните закони до перфекција!

Втора најважна мерка што треба да ја направи е ревидирање на сите добиени државјанства изминатите 20 години и во оваа смисла ревидирање на статусот жителство во локалната самоуправа. На овој начин ќе падне цената на становите во Скопје и ке има децентрализација на работната сила!

Ке им се даде можност на „сељаците” од владата да станат конечно селани како што им прилега! И својот ментален и градежен капацитет да го потрошат за развој на руралните средини од каде доаѓаат за прв „сељак” у град

Трето, секој што нема да се согласи на претходново да биде подложен на конфискација!“

Vladimir-Pancevski-Twitter-za-sledni-izbori

Коментирај