Владиката Петар: Само Господ може да ја спаси Македонија во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен

1
463

Господ да ни е на помош, зашто без Господа оваа татковина и нашата нација и црква нема да опстојат. Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување. Во голема мера има забелеша на МПЦ дека не се труди за националниот идентитет, но не е така. Жалам што ќе кажам дека некои медиуми не ги објавија ставовите на МПЦ, а други тивко го соопштија па никој не разбра каков став донесе МПЦ на 26 декември 2017 година – рече митрополитот преспанско-пелагониски Петар на протестот против промена на името.

Тој го прочита ставот на Светиот синод кој е едногласно прифатен.

-САС на МПЦ ги реафирмира своите досегашни непроменливи ставови и апелира до државните фактори да го зачуваат Уставот на РМ, да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија, рече митрополитот Петар.

Името наше македонско, дури и ние не го ставивме, Господ го ставил и во новиот и во стариот завет, повеќе од 30 пати е спомнато, од Свети Апостол Павле, а ги спомнува и Елините односно Грците. И во тоа време се распознавале луѓето дали се Македонци, дали се Грци, а во тој дух сакам да кажам и не е битно од какво потекло сме, туку како се чувствуваме.

Да не правиме ништото лошо, па да завршиме како нашите браќа, освен ако не сме од големото мнозинство. Вака ќе докажеме дека имаме љубов и кон непријателите. Да се молиме за оние кои ја распнуваат Македонија и нас што не распнуваат, Господ ќе им смени мислењето, рече владиката Петар.

Владиката истакина дека соседите и меѓународната заедница не сакаат да ни го сменат името, туку сакаат ние самите да си го смениме.

„Велат дека барале од нас соседите и НАТО и Америка да ни го сменат името. Не браќа и сестри, тие се паметни, не бараат да ни го сменат името. Никој не сака да ни го смени името, тие сакаат сами да си го смениме името, сами да си ја ставиме јамката. Најмногу ќе ни помогнат браќата Грци да не го смениме името со тоа што нема да отстапат од своите црвени линии и Господ ќе најде начин да ја спаси Македонија“, подвлече митрополитот Петар.

loading...