Владиката Петар: Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи и Боки Тринаестки

0
244

Владиката Петар бара воведување на веронаука во училиштата. Тој денеска го благослови 14-тиот по ред Божикен ручек во Прилеп, во организација на детската амбасада „За сите деца во светот“ на кој се собраа 500 деца од цела Македонија од различни целни групи и религии, пишува Република.

Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби, додаде митрополитот Петар.

Како и секоја година овој ручек е под мотото „Едно небо за сите деца“. Љубовта, чистината и смирението на децата нека биде нашиот пример во животот како можеме да живееме во подобра општество без никакви поделби и разлики. Ова беше главната порака која денеска беше упатена на 14-тиот по ред Божикен ручек во Прилеп.

Никој не можеме да се обединиме така како што тие се обединуваат и како што тие ни праќаат порака како треба да се обединиме, без оглед на возраст, без оглед на потеклото, без оглед на врата, сите како едно се чувствуваат. Дајте на нив да се огледаме, истакна владика Петар, митрополит Преспанско-Пелагониски.

Коментирај