Владика Петар: Никој не сака да ни го смени името – сакаат сами да си го смениме

0
1157

Ниту Грците, ни Бугарите, ниту Албанците и Србите, не сакаат да го променат нашето име, туку сакаат да нѐ доведат до ситуација кога самите ќе го промениме името, а тоа значи македонско самоубиство, вели владиката Петар за ТВ Алфа.

Обезличнени и обесхрабрени се Македонците во однос на очекувањата, за нас како држава, нација и црква, позитивно да се реши, прашањето за името. Деценискиот проблем во голем дел влијае и на Македонската црква. Иредентизмот, за кој говорат Грците, не е кај нас туку кај нив, вели за Алфа, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

-Оној иредентизам кои Грците сега бараат да се искорени од нашето име, самите го создаваат кога на нивните протести извикуваат дека Македонија е грчка, изјави за Алфа, владиката Петар.

Светиот архиерејски синод уште лани, во декември, упати писмо со јасна порака, Македонските власти да го зачуваат Уставот, да не се менува уставната позиција на уставниот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да не се нарушува унитарниот карактер.

Иако единствени во писмото, сепак само владиците Петар и Агатангел излегоа на чело на протест во одбрана на македонските интереси.

Коментирај