Владика Агатангел: Велигден да го дочекаме со запалени свеќи и црвени јајца на балконите и во дневните соби

0
489

Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони. Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат.

Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните кои ќе го означат Христосовото Воскресение, со запалени свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на вашите балкони, дворови или пак во вашите дневни простории и да ја запеете Воскресентската песна. Честитајќи ви го празникот преку електронски медиуми, ве поздравувам со христијанскиот поздрав Христос Воскресна“, соопшти г. Агатангел.

Драги браќа и сестри, Воскресението на Христос не е само еден историски настан, туку тоа во себе ја содржи силата која може да го преобрази светот. И само преку верата во Воскресението можеме да ја доживееме оваа сила и светлина, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

Се молам татковски од длабочините на моето срце, светлината и радоста на Воскресението Христово да го исполнат целиот свет, да се исполниме со вера, надеж и љубов за подобро утре, и што поскоро да нѐ одмине ова страдање, од кое никој не е поштеден. Светлината Христова да ги просветли сите.

Возљубени наши духовни чеда, Поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците. Затоа, за да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари“.

Честитајќи ви го празникот преку електронските медиуми Ве поздравувам со најрадосниот христијански поздрав Христос Воскресна. Бог да го благослови Македонскиот народ и нашата света македонска држава.

Христос Воскресна!

Митрополит Повардарски г. Агатангел

Коментирај