Владата се заборчува до гуша – Наредната недела ново задолжување од 19,4 милиони евра

0
144

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.200.000.000 денари или 19, 4 милиони евра на 7-ми овој месец .

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира на 7 Мај тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра. Претходно владата на 17-ти минатиот месец се задолжи за 39 милиони евра додека сега за неполн месец повторно ново задолжување од 19, 4 милиони евра.

Експертите сметаат дека ваквиот вид на задолжувања кои не се пропатени со вложувања во инфраструктури и стратешки проекти се опасни за и онака слабата македонска економија. Имено, според експертската јавност Владата континуирано се задолжува додека нема никакви видливи и конкретни проекти каде се трошат огромните средства кои се земаат од задолжувањата. Градежништвото исто така е во пад со што целокупната економија не се движи напред туку напротив уназадува. Така според сите официјални податоци и извештаи Македонија според економскиот раст е на дното како на Балканот така и во Европа.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.

Коментирај