Владата се надева дека и за Гоце Делчев ќе се најде пријателско решение

0
216

По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, портпаролот на Владата Муамед Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателство и добрососедство меѓу нашите држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.

Захариева: Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври

Каракачанов ја критикува македонско-бугарската комисија за Гоце Делчев

Коментирај