Владата на СДСМ продолжува со „сопки“околу изградбата на градинката во општина Аеродром

0
280

Владата на Република Македонија, предводена од Зоран Заев, продолжува со блокирање на изградбата на новата градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

И покрај барањата на граѓаните, Владата останува глува и на барањата на општината, која на повеќе пати со официјални дописи се труди да го вметне овој круцијален проблем како точка на дневен ред на една од седниците, се со цел доделување на земјиште и отпочнување со градба.

Интегрално, соопштението на Општина Аеродром:

Почитувани,

Би сакале да ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија продолжува да ја кочи изградбата на новата градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Имено, Владата остана глува на дописите и јавниот повик на Општина Аеродром да ја овозможи изградбата на новата детска градинка и повторно без образложение одбегна да ја стави на дневен ред точката за доделување земјиште на кое ќе се гради оваа четврта по ред детска градинка во Општина Аеродром.Со одложувањето на точката за доделување на земјиштето на трајно користење, на кое треба да се изгради современа детска градинка, Владата врши директна опструкција врз работата на Општина Аеродром, иако е обезбедена целата потребна документација и сите согласности од надлежните институции.Општината е целосно подготвена за почеток на градежните работи за изградба на нова детска градинка за повеќе од 250 дечиња, потпишан е договор со изведувачот и обезбедени се финансиски средства од околу 30 милиони денари.

Затоа, со жалење може да се констатира дека оваа Влада не работи во интерес на граѓаните, туку напротив работи на опструкции и манипулации, сè со цел да ги спречи проектите на локалната самоуправа, која не е дел од нејзиното политичко опкружување. Со ваков начин на нејзино дејствување, на граѓаните треба да им биде јасно со какви луѓе во Владата си имаме работа.

 

Општина Аеродром

loading...

Коментирај