Влада за преговори: Каталонските сепаратисти се испазарија, Шпанија доби влада

0
442
A

Поранешниот премиер, во изминатите два месеца вршител на должноста и иден мандатар, Педро Санчез ја доби поддршката од пратениците во шпанскиот Сенат за состав на новиот владин кабинет. Со 167 гласа „за“, 165 „против“ и 18 „воздржани“ е ставен крај на, речиси, едногодишната криза во земјата што резултира со изборите во ноември.

Санчез успеа во намера да состави Влада по ветувањето за воздржаност на РКЕ, најголемата сепаратистичка партија во Каталонија, во замена за разговори во наредниот период за решавање на статусот на регионот.

Лидерот на шпанската Социјалистичка партија заедно со Пабло Иглезијас, кој е на чело на „Унидас Подемос“ или Партијата на Обединетите, неодамна ја нагласија намерата за формирање на прва коалициска Влада во поновата историјата на земјата.

Санчез во неделата не успеа да обезбеди потребна поддршка од своите досегашни коалиционио партнери, па мораше да седне на преговори со каталонските сепаратисти за состав на владиниот кабинет. Од нив вети дека ќе бидат воздржани при гласањето, а за возврат да добијат разговори за идниот статус на шпанската покраина која со години наназад се залага за независност.

Формирањето на Владата во Шпанија е од исклучително значење за земјата која беше во исчекување на ваква вест од Пиринеите во изминатите два месеца. Тоа е последната земја-членка на НАТО која треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, откако процедурата мина во сите останати 29 држави.

Коментирај