Влада: Новина за пописот од 1 до 21 април 2020 година е тоа што ќе се спроведува со лаптопи

0
272

Претстојниот попис во Македонија, планиран да се реализира од 1 до 21 април 2020 година, ќе се спроведе со комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот, соопшти владината прес-служба.

Ова денеска било утврдено на 137 седница на Владата, а на Собранието на Република Македонија му е предложено текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите за 2020 година да го усвои, со што, како што појаснуваат, ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван Попис.

-Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци, појаснуваат од Владата.

Коментирај