Вкусен ролат со ореви и слатко

0
1204

Состојки:
– 4 јајца
– 1 филџан шеќер
– 1 филџан брашно
– 1 пакетче ванила
– 2 лажици топла вода
– 1 лажичка прашак за пециво
– 1 фиџан слатко од цреши
– 1 рака мелени ореви
– шеќер во прав за посипување

Подготовка:
Во сад, измешајте ги јајцата со топлата вода и шеќерот (се додека смесата не стане бела).
Додадете ја ванилата и брашно со прашокот за пециво. Измешајте убаво. Ставете ја смесата во правоаголна тава покриена со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 12-15 минути и извадете го тестото на влажна крпа.
Во сад измешајте го слаткото и оревите. Премачкајте го тестото и завиткајте ролат. Одозгора посипете го ролатот со шеќер во прав и исечете го на парчиња. 

На здравје!

Коментирај