„Визер Скопски маратон 2019“ денес го менува режимот на јавен транспорт низ Скопје

0
352

Поради одржувањето на овогодинешното издание на „Визер Скопски маратон“, денеска, сабота, 4 мај, дел од автобуските линии што сообраќаат на трасата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.

Туристичката линија „Сити тур“ нема да сообраќа цел ден, информираат од ЈСП.

„Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот. Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.

Од 7 до 14 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.

По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите:

3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73“, се вели во соопштението од ЈСП во кое се додава дека на нивната веб страница www.jsp.com.mk може да се видат трасите на линиите кои ќе возат изменето од вообичаениот режим.

Извор: taratur.mk

Коментирај