Виц на денот: Зајко во кафана

0
351

Седи Зајко у кафана пие и вика на музиката:

-Свирете ја Зелени очи оти се ќе искршам.

Лисицата го гледа и му вика :

– Зајко ај седи мирен.

Зајко ја гледа и и вика:

– Што е мори ти ороспијо една ај излези надвор да те видам.

Излегуваат надвор се слуша лупање трескање…влегува Зајко у кафаната ја фрла кожата од лисицата пред музиката и вика :

– Свирете Зелени очи оти се ќе искршам.

Рипа волкот и му вика :

– Доста бе прекини штипикурец еден!

А зајко мртов ладен му враќа :

– Што сакаш бе ти педер еден ..? Ај излези надвор да те видам колку си јак.

Излегуваат надвор,трескање, лупање се враќа зајко у кафаната ја фрла кожата од волкот пред музиката и вика:

– Свирете ја Зелени очи оти ќе почнам да кршам.

Станува мечката и му вика:

– Епа зајко стварно ја претера.

– Што сакаш мори ти краво една полна болви?Ај излези надвор ако смееш.

Излегуваат надвор трас, бум, трескање, лупање , и се враќа зајко у кафаната ја фрла кожата од мечката пред музиката и вика:

– Добро бе ке свирете ли Зелени очи… и во тој момент у кафаната влегува лавот и вика:

– А бе вие ќе свирете ли Зелени очи за баџанакот или треба ја да влезам.

Коментирај