Виц на денот: Скржавец во такси

0
566

Скржавец отишол со своето семејство во Скопје на гости кај роднини. На автобуската станица скржавецот прашал еден таксист: „Колку чини да не однесете до Карпош?“ – До Карпош… чекај да проверам… Околу 150 денари, одговорил таксистот. „Колку?! Глупости! Подобро ќе одам пешки“, рекол скржавецот.

Таксистот видел со каков си има работа и му предложил: – Добро, нема да ми плаќаш, ако издржиш да не изустиш ни збор во текот на целиот пат!

Скржавецот веднаш се согласил, се качиле сите во таксито и тргнале. Таксито лета, се пика меѓу автомобилите, свири, пцуе… Скржавецот се поти, ги гризе усните, ги гризе ноктите, менува бои, но молчи. Стигнале и таксистот рекол: – Браво! Целиот пат не пушти ниту звук! Кажи ми, кога ти беше најтешко да издржиш? „Па… на семафорите кај Соборна, кога испадна детето…“, одговорил скржавецот.

Коментирај