Виц на денот: Што е стpec

0
641

Што е стрес? – Возиш кола, качуваш згодна автостопрека, лаф муабет и наеднаш типката паѓа во несвест, ти препален не знаеш што е работата и ја носиш во болница… е тоа е СТРЕС…

Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат и ти кажуваат дека е трудна, Ви честитаат, ти во небрано, а она тврди дека ти си таткото… СТРЕС…

Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика: – Немај гајле не си ти таткото, ти не си плоден… и тоа е СТРЕС, ама со олеснување… Е сега, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш три деца…Е ТОА Е ЧОВЕЧЕ СТВАРНО СТРЕС!!

Коментирај