Виц на денот: Штедење

0
583

Некој човек секојдневно му давал на еден просјак по 200 денари.

Еден ден му дал 50 денари, вториот ден исто, третиот исто.

Просјакот собрал храброст и еден ден го прашал:

– Се извинувам господине, долго време ми дававте по 200 денари секој ден, а сега само 50 денари, да не ви згрешив нешто!

– Не бре, не ми згреши ништо туку почнав да градам куќа, па затоа…

– Абе ти улав ли си, на мој грб ли најде да градиш куќа!

Коментирај