Виц на денот: Проблеми на мажите со пијаните сопруги

0
755

Две мажени жени излегле сами и прописно се испијаниле. После полноќ тргнале да си одат дома. По патот им се примочало, па решиле да завршат работа во блиските гробишта за да не ги види некој. Речено-сторено, но немало со што да се избришаат. Едната се избришала со гаќите и ги фрлила, а другата не сакала да си ги фрли гаќите па фатила дел од еден венец и се избришала.

Наредниот ден на улица се среќаваат нивните мажи. Мажот на првата вели: „Абе брат, оваа мојата се врати сношти пијана и без гаќи“. Вториот го утешил: „Тоа не е ништо. Мојата се врати пијана и со гаќи, ама од гаќите и штрчеше една лента со натпис: „Никогаш нема да те заборавиме. Од Перо, Миле и фудбалскиот клуб Вардар.“

Коментирај