ВИЦ НА ДЕНОТ: ПРЕЉУБА

0
946

Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол.

Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет.

Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата.

Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива.

Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара:

– Замолчи!!! Tи си следниот!

Коментирај