Виц на денот: Перо се враќа дома!

0
327

Перо кој завршил факултет во градот, се враќа во родното село.

Татко му од мерак мести маса среде дворот и ги кани сите комшии на гозба.

– Оваа ракија сине, ја сварив кога замина на студии. Сега ќе ја испиеме.

– За мене подобро една чаша шампањско тато.

Откако ја испиле ракијата, таткото вели:

– Ова вино го направи исто така кога замина. Сега ќе го испиеме.

– Јас ќе се напијам една чаша сок, тато.

По некое време Перо станува и вели:

– Извинете ме морам да одам по мала нужда.

По него веднаш станува таткото и ја зема пушката.

– Зошто ти е пушката бе? – прашува комшијата.

– Ако клекне да моча, ќе го утепам!

Коментирај